11 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКинези претставија ривал на Tesla Model S (фото+видео)

Кинези претставија ривал на Tesla Model S (фото+видео)

youxia1

Кинеската компанија „Youxia Motors“ го претстави компактниот електричен седан „X“.

Електричниот автомобил не само што наликува „Tesla Model S“, туку и ќе претставува нејзин главен конкурент, објави „CarNewsChina“.

youxia2

Седанот е опремен со електромотор кој развива 348 КС и 440 Nm вртежен момент. „Youxia X“ забрзува од 0 до 100 км/ч за 5,6 секунди, а може да биде опремен со 3 вида батерии – со капацитет од 40, 60 и 85 kW/h. Соодветно тие овозможуваат километража од 220, 330 и 460 километри со едно полнење.

„Youxia Х“ доби мултимедијален инфо-забавен систем со оперативен систем „KITT OS“ на платформата „Android“. Производителот ветува целосна компатибилност со уредите на „Google“ и „Apple“, вклучувајќи и „Apple Watch“.

youxia3

Управувањето на системот, која има врска со интернет преку „Wi-Fi“, се одвива преку 17,3-инчен дисплеј. Од него може да се контролираат и дел од функциите на возилото.

youxia4

Продажбата на електричниот автомобил во Кина ќе стартува идната година, а според прелиминарните податоци, цените ќе се движат помеѓу 32.000 и 48.000 американски долари, а во износот се вклучени параметри кои ги уживаат сопствениците на електрични возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП