23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFerrari ја подготвува верзијата F12 Berlinetta Speciale

Ferrari ја подготвува верзијата F12 Berlinetta Speciale

berlineta specilae

Следниот „ѕвер“ врз основа на серискиот суперавтомобил треба да се појави следната година. Тоа е „Ferrari F12 Berlinetta Speciale“ чиј развој е во финална фаза, пишува весникот „Autocar“.

Главната предност на новата модификација ќе биде лесната каросерија. Тежината на „F12 Berlinetta Speciale“ ќе биде за околу 200 килограми помала од таа на оригиналниот модел, кој тежи точно 1630 килограми. За споредба кај „458 Speciale“ инженерите на италијанскиот производител успеаја да намалат само 95 килограми од масата на стандардниот модел.

За таа цел ќе биде отстранета звучната изолација од кабината, навигацискиот систем и други дополнителни опции понудени кај при стандардната „F12 Berlinetta“. Ова сепак не значи дека во „Ferrari“ се откажуваат од овие елементи. По желба клиентот ќе може да си ги нарача дополнително.

Доработен ќе биде и 6,3-литарски „V12“ мотор, чии 740 КС ќе бидат зголеми до 770 КС. Кај стандардната верзија забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае 3,1 секунди, но кај новата се очекува тоа да биде под 3,0 секунди.

Намалувањето на тежината ќе и овозможи на новата верзија на каросеријата да постигне сооднос моќност/тежина од 520 КС/тон (сега тоа е 453 КС/тон).

Во „Ferrari“ веќе работат и на наследник на „F12 Berlinetta“, кој ќе биде опремен со хибриден агрегат. Неговото појавување е планирано за 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП