26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобивката на UBS зголемена за 53 отсто

Добивката на UBS зголемена за 53 отсто

ubs svic 33

Швајцарската банка UBS оствари во вториот квартал од годината 53 отсто поголема добивка во однос на истиот период лани, задржувајќи го замавот и покрај силните пазарни предизвици.

UBS во понеделникот објави дека прилагодената добивка пред оданочување изнесувала во второто тромесечје 1,6 милијарди франци (1,7 милијарди долари). Истовремено, нето добивката припишана на акционерите на UBS групацијата изнесувала 1,2 милијарди франци, што е за 53 отсто повеќе од 2014 година.

Извршниот директор на UBS, Серџо Ермоти изјави дека банката го „задржала замавот и покрај постојаните пазарни предизвици“.

Во прогнозата за натамошното работење, банката предупреди дека сезонските ефекти веројатно ќе влијаат врз приходите и добивката во третиот квартал, укажувајќи на „темелните макроекономски предизвици и геополитичките прашања кои веројатно нема да бидат решени во догледно време.

Главниот конкурент на UBS во Швајцарија, Credit Suisse минатата недела извести за нето добивка во вториот квартал од 1,1 милијарди франци, што исто така ги надмина очекувањата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП