15 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСамо една земја може да се пофали со таков Rolls Royce (фото)

Само една земја може да се пофали со таков Rolls Royce (фото)

sig rr

Оваа недела производителот на супер луксузни автомобили „Rolls-Royce“ ќе ја претстави најновата креација – уникатен модел „Ghost“, во чест на 50-годишнината од независноста на Сингапур.

sig rr1

Специјалната верзија „SG50 Ghost Series II“ е во бела боја со контрастни црвени ленти, симболизирајќи ги боите на знамето на Сингапур. Комбинацијата од две бои продолжува и во внатрешноста, каде симболот на градот држава, Мерлион, е извезени врз четирите потпирачи за главите на патниците.

sig rr2

Ова е прв случај во кој од компанијата прифатиле да направат посебен автомобил во чест на годишнина на држава.

sig rr3

Од „Rolls Royce“ одбија да ја објавуваат конкретната цена за моделот. „Основниот модел“, „Ghost Series II“ се продава за околу 290.000 долари во САД.

sig rr4

Компанијата ќе понуди за купување само еден „SG50“ модел и тој ќе биде доставен во градот-држава во август (9-ти август, Денот на независноста на Сингапур).

sig rr5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП