Италијанскиот телекомуникациски оператор „Telecom Italia“ планира да укине 1.700 работни места, соопшти за Ројтерс неименуван извор од синдикатите.
Компанијата „Telecom Italia“ ќе објави укинување на 1.700 работни места“, наведе изворот за Ројтерс, пред почетокот на состанокот со претставниците на владата и телекомуникацискиот оператор.
„Telecom Italia“ вработува вкупно 66.000 лица, меѓу кои 53.000 во Италија, потсетува британската агенција.