29 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСкок на добивката на Coca-Cola за 20 отсто

Скок на добивката на Coca-Cola за 20 отсто

This Oct. 15, 2012 photo shows eight ounce bottles of Coca Cola arranged for a photo in Surfside, Fla. Coca-Cola Co. reports quarterly financial results before the market opens on Tuesday, April 15, 2014. (AP Photo/Wilfredo Lee)

Американскиот производител на безалкохолни пијалоци Coca-Cola извести дека во вториот квартал од годината скокнала за 20 отсто, откако ги зголеми цените на северноамериканскиот пазар со што го амортизираше влијанието на порастот на курсот на доларот, кој ја намали вредноста на странските приходи.

Нето добивката во вториот квартал изнесувала 3,11 милијарди долари, односно 71 цент по акција, покажа финансискиот извештај. Во истиот период лани изнесувала 2,6 милијарди долари.

Приходите, пак, во наведениот период се намалени, на 12,16 милијарди долари, од 12,57 милијарди долари лани. Американскиот гигант во индустријата за безалкохолни пијалоци околу 41 отсто од приходите ги остварува на странските пазари.

„Резултатите за второто тромесечје е во согласност со нашите очекувања и означуваат продолжување на напредокот во насока на враќање на замавот во нашето глобално вработување. Спроведуваме стратешка иницијатива и остануваме фокусирани на поттикнување на ефикасноста преку продуктивност и ноесење на дисциплинирани одлуки за да го забрзаме растот“, рече извршниот директор мухтар Кент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП