19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft со загуба од 3,2 милијарди долари, најголема во историјата

Microsoft со загуба од 3,2 милијарди долари, најголема во историјата

microsoft-headquarters-070712

Microsoft во изминатото тромесечје оствари загуба од 3,2 милијарди долари, најголема во својата историја, што е последица на отписот на вредноста на работењето со мобилните телефони на Nokia и падот на побарувачката за оперативниот систем Windows.

Според извештајот на технолошкиот гигант, објавен во вторникот, приходите на Microsoft во второто тромесечје изнесувале 22,18 милијарди долари, што е за пет отсто помалку на годишно ниво.

Притоа продажбата на Windows системот на производителите на компјутери за вградување во нови персонални компјутери (PC) падна за 22 отсто во однос на истиот период лани, кога продажбата силно порасна, бидејќи Microsoft престана да го поддржува 14 години стариот XP оперативен систем.

Сепак, загубата во изминатото тромесечје исклучително е последица на отписот на 7,5 милијарди долари вредно реструктуирање на одделот на Nokia за паметни телефони, кое Microsoft го купи минатата година.

Во вториот квартал од минатата година Microsoft остари чиста добивка од 4,6 милијарди евра.

Добивката на Microsoft е под притисок на високиот курс на доларот, кој во изминатата година порасна за над 10 отсто во однос на кошничката валути, поради што паѓаат приходите на компаниите од странските пазари.

На почетокот на годината Microsoft најави укинување на 7.800 работни места, или речиси 7 отсто од вкупкиот број на вработени во компанијата на светот. Притоа најмногу работни места ќе бидат укинати во одделот за мобилни телефони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП