4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLamborghini: Развојот на Asterion е стопиран поради Urus (фото)

Lamborghini: Развојот на Asterion е стопиран поради Urus (фото)

lam asterion 00

Љубителите на концептот „Asterion“, кој беше претставен во 2014-та, ќе бидат разочарани затоа што од „Lamborghini“ одлучиле привремено да го стават на листа на чекање, а причината е да се фокусираат на реализацијата на „SUV“ моделот „Urus“.

„Lamborghini“ на авто-саемот во Париз привлече големо внимание кај љубителите на „Plug-In“ хибриди со концептот „Asterion“.

Срцето на погонскиот систем на ова возило е бензинскиот 5.2-литарски „V10“ мотор кој е позајмен од моделот „Huracan“. Агрегатот произведува 610 ks (449 kW) и 560 Nm, но кај „Asterion“ целата моќ се пренесува само на задната осовина.

lam asterion 01

Покрај бензинецот, автомобилот има и три електромотори, од кои два се наоѓаат на предната осовина. Вкупната моќ на електричните мотори изнесува 300 ks (220 kW) и се пренесуваат на предните тркала.

Електромоторите се напојуваат од литиум-јонски батерии кои се наоѓаат во централниот тунел во подот на возилото.

Комбинираната моќ на системот достигнува 910 ks, благодарејќи на која „Asterion“ oд 0 дo 100 km/h забрзува за 3 секунди, пред да ги достигне максималните 320 km/h.

lam asterion 02

Ако за погон се користи исклучиво електрична енергија, автомобилот е во состојба да мине до 50 km.

Појавувањето на еден ваков концепт веднаш би отворило прашање за евентуален сериски модел.

Меѓутоа, „Lamborghini“ по неколку години размислување конечно даде зелено светло за „SUV“ моделот „Urus“, па така тој доби приоритет пред „Asterion“.

Шефот на италијанскиот производител, Стефан Винкелман, потврди дека „Asterion“ моментално не е во фокусот и откри дека некои детали за тоа како настанало едно вакво возило.

lam asterion 03

„Концептот првенствено требаше да покаже дека сме способни да направиме хибриден спортски автомобил, доколку во иднина бидеме приморани да преминеме на овој вид погон поради строгите емисиони стандарди“, објасни тој.

„Сакавме да видиме какви ќе бидат реакциите на нашите клиенти. Тие ни рекоа дека хибридниот погон има смисла едниствено ако електромоторот ги подобрува перформансите“, вели Винкелман.

„„Lamborghini“ не е автомобил на кој имате потреба да штедите на гориво. Тоа е возило кое не се вози секој ден и чии сопственици просечно не минуваат повеќе од 5.000 km годишно.“

Најверојатно, на серискиот модел на „Lаmborghini“ со хибриден погон ќе мораме да почекаме уште некое време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП