11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтопирано производството на Макстил

Стопирано производството на Макстил

makstilmakmak

Компанијата Макстил во средата соопшти дека го стопирала производството на челичен полуфабрикат, бидејќи од страна на снабдувачот со технолошка вода без претходна најава и било наметнато двојно зголемување на цената.

„По завршувањето на обемниот инвестиционен зафат на темелната реконструкција на електролачната печка во производниот погон Челичарница , заради подобрување на нејзината енергетска ефикасност, за 14.07.2015 беше најавено рестартирање на производството на челичен полуфабрикат“, се вели во соопштението.

За таа цел според вообичаената постапка со испорачателите биле договорени и набавени потребните количини на електрична енергија како и на технички гасови и природен гас и најавени потребите за рециркулација на мека вода како основни претпоставки за одвивање на производниот процес.

„Од страна на снабдувачот со технолошка вода системот за рециркулација на меката вода не беше ставен во функција при што без никакви претходни најави беа наметнати побарувања за повеќе од двојно зголемување на цената на услугата за дистрибуција на водата и беа одбиени сите обиди за решавање на настанатиот проблем со вообичаената пракса“, стои во соопштението.

Притоа се наведува дека биле отфрлени барањето за објаснување и приложување уверливи аргументи за зголемување на цената на нивната услуга во врска со дистрибуцијата на водата.

„Во таква ситуација на Макстил му останува единствено да бара правна заштита од страна на надлежните институции во државата, за изнудениот прекин на работењето , и спречување на понатамошните директните и индиректните штети“, стои во дел од соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП