4 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 22.07.2015

Дневен хороскоп 22.07.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ве очекува еден спокоен ден. Обидете се да уживате во бавното темпо и можноста да се занимавате со работни и приватни обврски без притоа никој да ви се меша. Може да не напреднете многу, но сепак ќе постигнете внатрешен мир.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Вашата популаност во општеството ќе порасне, а љубовната врска ќе достигне нови продлабочени димензии. Посветете и се и на работата, извршувајте ги задачите. Наскоро ќе излезе нешто од што ќе профитирате, па ќе имате можност на тој начин да ги исплатите вашите долгови.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ако сте осамени можете да очекувате ново пријателство со интересна личност. Денот е поволен за сите видови на работа. Планетите ве поддржуваат па можете да започнете и некоја нова работа. Кондицијата ви е одлична, а финансисктата состојба без позначајни промени.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Вашата неодлучност ќе ви претставува пречка за извршување на работните задачи. Многу тешко ќе успеете да ја одржите својата рамнотежа како на работното место така и во љубовта. Преголемите обврски ќе ви наметнат доста проблеми и непријатно расположение.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Не преценувајте ги можностите. Еден погрешен чекор и можете да се вратите на почеток на важни проекти и задачи. Воздржете се од прикажување на премногу емоции, бидејќи едвај некој ќе се заинтересира за вашите чувства. Може да ве игнорираат и да се почувствувате уште полошо.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Многу ќе се грижите за сигурноста на вашето работно место и задржувањето на постоечките позиции. Ви треба помошта од другите за да можете да ги реализирате вашите планови. На слободните претставници им се нудат краткотрајни авантури.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Избегнувајте поинтензивен друштвен живот. Совладајте го стравот од самотија. Ако можете да се посветите на работата или пак некое хоби кое ве исполнува и да се ограничите само со неколку најдобри пријатели, тоа во моментот ќе биде најдобро за вас.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

На работното место од вас ќе се очекува да бидете креативни, при што со задоволство ќе влезете во новата работна обврска. Можно е да почувствувате исцрпеност, но тоа е како резултат на вашите грижи и ангажирања. На емотивен план се оди како што сте замислиле.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Повеќето нови познанства кои ќе ги имате денеска, во склоп со вашата природа, склони кон разновидни контакти, ќе ве натераат да ги преиспитате своите досегашни емотивни врски. Некои нови лица веќе на прв поглед ќе ви бидат интересни за остварување на долготрани односи.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Се обидувате да ги завршите одамна започнатите работи и ќе успеете во тоа доколку работите напорно и давате се од себе. Бидејќи во семејството ве очекува некоја поголема промена, можеби принова, односно се она што вас ви е особено важно, не се оптеретувајте со други непотребни работи, односно работи кои само ве заморуваат.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ви доаѓа нова енергија која ќе ви помогне во пребродувањето на тешкотиите на кои ќе наидете. Ќе бидете свесни за својата сила и ќе имате волја за да издржите во реализирањето на вашите оргинални идеи, иако околината тешко ќе ги прифати.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Некои пари кои сте ги очекувале би требало да пристигнат. Спротивниот пол ќе покажува зголемено интересирање за вас.На работното место ќе се впуштите во ризична инвестиција и покрај некои забрани и предупредувања од соработниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП