10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФотографии од редизајнираниот модел 911 (фото)

Фотографии од редизајнираниот модел 911 (фото)

im 911-0

Компанијата „Porsche“ објави официјални фотографии на тест прототипи на обновениот модел „911“. Возилото, кој е опремено со нови турбомотори, поминува интензивни тестирања крај Кејптаун (Јужна Африка).

im 911-3

Повеќето новини во изгледот на каросеријата беа откриени порано од шпионските фотографии на различни изданија. Автомобилот добил надоградени фарови, различен преден браник со тенки рамни „LED“ светла и поинаку распоредени цевки на издувниот систем.

im 911-1

Промените во кабината вклучуваат поставување на нов волан со посебни прекинувачи кои ги заменуваат копчињата за одбирање на режимите на работа на агрегатот и на преносот. Се очекува и појавата на напреден мултимедијален систем со поголем екран.

im 911-5

Официјална информација за новите мотори засега недостасува. Според податоците на изданието „Autocar“ обновеното „Porsche 911“ ќе добие турбомотор со зафатнина од 3,0 литри и кое ќе развива 370 КС. Се очекува и појавата на агрегат со 400 КС, кој ќе го замени 3,4-литарскиот атмосферски мотор со 340 КС.

im 911-4

Дебитo на автомобилот е предвидено за саемот во Франкфурт во септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП