17 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНапиток против отекување на нозете

Напиток против отекување на нозете

7643_240315212145951_1920x1080

За да го спречите отекувањето на нозете во топлите денови, треба листовите од нозете да ги туширате со ладна вода, избегнувајте да ги прекрстувате нозете, не стојте долго во место, а можете да направите и природен напиток кој многу ќе ви помогне.

Топлината може да биде погубна за нозете, бидејќи предизвикува отекување. Уште ако патувате или долго седите, ваквите проблеми се речиси неминовни. Овој природен напиток ќе ви помогне да ги отстраните отоците.

Исецкајте листови магдонос и прелијте ги со 4 дл вода, поклопете и оставете ја смесата преку ноќ да отстои. Наутро процедете ја течноста и додадете сок од еден лимон и напитокот е готов. Овој напиток потребно е да го пиете три пати на ден, поделете ја смесата на три еднакви делови.

Можете да пробате и со други рецепти. Во литар вода додадете четири лажици ленено семе и ставете ги на оган да се варат 15 минути, поклопете и оставете да отстојат на топло место еден час, па додадете сок од лимон. Пијте го овој напиток на секој половина час се додека не го испиете. Постапката повторувајте ја десетина дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП