12 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИдеална летна ужинка: Се што ви е потребно во една чаша!

Идеална летна ужинка: Се што ви е потребно во една чаша!

94738_profimedia0192988971_630x0

Знаете дека во летниот период не треба да консумирате „тешка“ храна, а препораката на експертите е да внесувате колку што е можно повеќе течности. Исто така би требало да јадете и овошје и зеленчук во големи количини. Овој напиток е совршен начин за да внесете се што ви е потребно во текот на топлите летни денови.

Оваа лесна ужинка е полна со витамини, а што е и најважно во врелите денови, навистина ќе ве освежи.

Причина повеќе за да се почестите токму со овој вкусен напиток е тоа што не е тежок за варење, па нема да добиете чувство на надуеност, непријатност или проблеми со варењето. Освен тоа и подготовката е сосема едноставна.

Потребни ви се:

– 2 шолји јогурт
– 2 шолји боровинки
– неколку капини
– 1 исецкана банана
– 1 лажица мусли по желба
– 2 коцки мраз

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека да добиете хомогена смеса. Напитокот ставете го во чаша и вашиот оброк е подготвен.

Пријатно!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП