1 јули, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCitroen ги „освежи“ европските C5 и C5 Tourer

Citroen ги „освежи“ европските C5 и C5 Tourer

ciki 200

Францускиот производител „Citroen“ започнува да нуди на европскиот пазар ажурирана верзија на седанот „C5“ и на караванот „C5 Tourer“, соопштија од седиштето на компанијата.

Промените во дизајнот ги засегна браниците и решетката на ладилникот. Веќе се нудат нови бандажи со дијаметар од 17 и 18 инчи, како и дополнителна боја на каросеријата – „Moka Brown“. Во кабината има нови кожни седишта, како и инфо-забавен систем со 7-инчен дисплеј.

Палетата на мотори е зголемена за два дизел агрегати „Blue HDI“. Тие се со зафатнина од 2,0 литри, нудејќи моќност од 150 и 180 КС. Претходно истите мотори беа ставени и на два модела на „Peugeot“ – „308“ и „508“.

ciki 201

Послабиот дизел работи во комбинација со 6-брзински мануелен менувач, додека најмоќниот со автоматски менувач со ист број брзини. И двата нови агрегати го исполнуваат еколошкиот стандард „Euro-6“.

Верзијата на „Citroen C5“ со дизел мотор со 150 КС е проценета на 31.400 евра, додека таа со 180 КС од 35.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП