18 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBlackberry го критикува Apple?

Blackberry го критикува Apple?

heins3_2466642b

И понатаму iPhone е најпопуларен телефон во светот, но неговиот iOS систем пет години не е променет, вели Извршниот директор на Blackberry, Хеинс Торстен.

Торстен ја критикуваше компанијата Apple и  посочи дека оперативниот систем на iPhone е застарен.

Тој рече дека се повеќе потрошувачите се вртат кон канадската компанија Blackberry, која го реорганизираше своето работење, лансирајки ја оваа година платформата Blackberry 10.

Со пуштање на телефонот во продажба во Австралија и САД, Торстен најави дека ќе има илјадници нови апликации.

Торстен за австралискиот ,,Financial Review” рече дека големите компании како Instagram и Netflix покажале интерес за новиот систем BB10.

,, Apple” направи неверојатна работа со доведување на екраните на допир на пазарот и фантастичниот кориснички интерфејс. Со сета почит, но корисничкиот интерфејс на iPhone е веќе стар пет години”, изјави Торстен.

Blackberry Z10 на почетокот на оваа година е пуштен во продажба во Канада и Британија, а од март ќе се најде и во продавниците на Австралија и САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП