1 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРаст на приходите на Телеком Австрија

Раст на приходите на Телеком Австрија

t avstrija 33

Групацијата „Телеком Австрија“ ги објави финансиските резултати за првите шест месеци од 2015-та година, вклучувајќи ги и резултатите од работењето на сегментот, Македонија.

Како резултат на силната конкуренција во мобилниот сегмент и трендот на намалување на вкупната пенетрација на пазарот, бројот на мобилни корисници се намали до 608.000 корисници, при што пазарниот удел на Вип остана на ниво од 28,4 отсто. Со аквизицијата на Близу, сегментот Македонија брои околу 87.000 фиксни пристапни линии за првите шест месеци од 2015-та година.

Приходите во Македонија, вклучувајќи го и Близу, изнесуваа 32 милиони евра во првата половина од 2015-та, додека во истиот период заработката пред камати, даноци, амортизација и депрецијација (ЕБИТДА) достигна 7,2 милиони евра. Оперативните трошоци се зголемија за 14 отсто споредено со истиот период од минатата година.

Воедно, во јули 2015-та година Комисијата за заштита на конкуренција на Македонија го одобри спојувањето на подружницата на Телеком Австрија Групацијата, Вип оператор и на подружницата на Телеком Словеније Груп, Оне. Согласноста е издадена врз основа на одредени обврски, меѓу другото и за обезбедување на услуги на нови виртуелни мрежни оператори од стана на новоформираниот субјект. Затворањето на трансакцијата се очекува во четвртиот квартал од 2015-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП