20 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOpel Astra пристигнува со уникатни седишта (фото+видео)

Opel Astra пристигнува со уникатни седишта (фото+видео)

sedista opel

Новата генерација на „Opel Astra“ ќе нуди уникатни седишта во својот сегмент, откриваат од компанијата-производител. Премиерата на моделот е закажана за автомобилскиот саем во Франкфурт во септември.

sedista opel1

„Уметноста на германските технологии“, така од „Opel“ ги најавуваат новите седишта на „Astra. За нивниот развој биле потребни цели 5 години, како и тим од над 100 експерти.

sedista opel2

Седиштата се со сертификат од „AGR“ (Иницијатива за подобрување на ортопедското здравје на грбот), а ќе бидат достапни во неколку верзии, а врвната ќе нуди 18 вида на прилагодувања, меѓу кои и на широчината на страничните носачи. Исто така се достапни и функциите како масажа, меморирање на индивидуалните подесувања прилагодливи на лумбална поддршка, греење и вентилација. Освен тоа висината на седиштата може да биде регулирана со цели 65 мм.

sedista opel3

Од компанијата размислувале и за патниците на задната клупа, за кои исто така може да биде нарачан систем за греење на двете странични места.

Новите седишта се за околу 10 килограми полесни од сегашните, а освен тоа се компактни и им обезбедуваат на патниците на задните седишта зголемување од 35 милиметри во просторот за нозете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП