10 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВкусна и здрава летна ужинка

Вкусна и здрава летна ужинка

pcenka-pechena-pcenka

Пченката е намирница која може да се подготви на голем број начини. Освен во брашното како составен дел од разните видови на теста овој жолд плод е неизоставен дел и од варивата, салатите и сосовите, а во текот на летните денови печената пчена е вкусна ужинка. Но освен пријатниот и благ вкус пченката е многу богата и со нутритивни својства.

Нутритивни својства

Една шоља варена пченка содржи само 124 калории што значи дека оваа намирница може да биде одличен сојузник во борбата против несаканите килограми.

Пченката не содржи холестерол и има многу мала количина на заситени масти.

Содржи големи количини на железо и влакна, фолна киселина, витамин Ц, Б6 и Б9.

Варената пченка има многу мала количина сол.

Бенефити за здравјето

– Го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести

– Ја намалува апсорцијата на холестерол во телото

– Го контролира дијабетесот и хипертензијата

– Ја намалува можностa за враќање на хемороидите

– Го регулира варењето

– Ги зајакнува коските

– Делува позитивно на кожата и видот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП