6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНов чини повеќе од милион долари. Колку бараат за половен?

Нов чини повеќе од милион долари. Колку бараат за половен?

pa ferrari

Знаевме дека е премногу скап, но и дека со текот на времето неговата цена само ќе расте. Две години по лансирањето на „LaFerrari“, еден од сопствениците од САД веќе се одлучил да го продаде своето возило и да се обиде преку него да заработи милиони.

Сопствениците на „Ferrari LaFerrari“ спаѓаат во групата на „одбрани“ со оглед дека новиот модел е произведен само во 499 примероци.

Компанијата дополнително го отежна купувањето за заинтересираните купувачи воведувајќи строги критериуми.

На пример, автомобил можеа да купат само најголемите колекционери и богатите љубители на „Ferrari“ кои во својата гаража веќе имаат 5 возила од овој производител.

Меѓутоа, ексклузивитетот при поседување на модел како што е „LaFerrari“ гарантира во иднина и убава заработка на оние кои во некој момент ќе се одлучат да го продадат.

pa ferrari1

И додека повеќето горди сопственици уживаат во возењето или само во гледањето и одржувањето на својот автомобил, еден од нив одлучил да дојде до брза заработка. Овој продавач за својот црн примерок на „LaFerrari“ бара дури 5 милиони долари!

Иако во огласот на интернет страната „Naples Motorsports“ пишува дека автомобилот минал само 325km, како и дека е единствениот примерок во понудата на северноамериканскиот пазар, се чини дека цената која е четири пати повисока од почетната е превисока.

Навистина, модели на марката „Ferrari“ знаеа да им донесат на сопствениците заработка која се мери со десетици милиони долари, но стануваше збор за исклучително ретки и стари, рестраврирани примероци.

Ако се вратиме во не толку далечно минато ќе видиме дека претходникот на „LaFerrari“, моделот „Enzo“ во почетокот се продаваше за 650.000 eвра, а десет години подоцна едвај двојно ја зголеми својата цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП