6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВака во иднина ќе ги паркираме возилата! (фото+видео)

Вака во иднина ќе ги паркираме возилата! (фото+видео)

karovi 32

Додека не пристигнат целосно автоматизираните автомобили без возач, уште некое време ќе имаме потешкотии при пронаоѓањето на паркинг место. Проектот „V-Charge“ е дизајниран како преодно решение кое ќе ја олесни секојдневната употреба на автомобилите во градските средини.

„Volkswagen“ е уште еден во низата производители кои работат на систем за целосно автоматизирано паркирање. Германскиот автомобилски гигант се здружи со компанијата „Bosch“ и неколку експерти од европски универзитети, се со цел да се реализира проектот „V-Charge“.

Се започна од претпоставката дека во блиска иднина електричните возила ќе бидат значително застапени во сообраќајот, отколку што се денес.

Затоа дизајнерите одлучија во системот за автоматско паркирање да ја интегрираат и технологијата за автоматско дополнување на погнската батерија и на тој начин за го заокружат целиот процес, па така автомобилите со електричен погон самостојно ќе се паркираат и полнат, додека сопствениците се на работа.

Како и други слични системи кои ги развиваат производителите на автомобили и овој е заснован на смартфон апликација преку која се даваат команди за паркирање и/или полнење на електричното возило.

karovi 33

По дадените команди, стартува автоматскиот процес. Со помош на дигиталните мапи, автомобилот се движи во потрага за слободен простор.

Во случај ако е потребно да се дополни батеријата, возилото веднаш ќе се упати до слободното место за полнење на батеријата и ќе се приклучи на полнач. Кога ќе заврши процесот на полнење, возилото исто така самостојно ќе се паркира на друго место и со тоа да се ослободи простор за да може да започне полнење на друга батерија

Возачот својот автомобил ќе го превземе на ист начин на кој претходно го имаше испратено, преку команди со помош на смартфон.

Од „Volkswagen“ истакнуваат дека овој систем веќе сега може да се пактикува без никаков проблем, затоа што фукнционира со помош на камера и сензори, кои денеска се користат во современите автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП