24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMazda го обнови пикапот BT-50

Mazda го обнови пикапот BT-50

mz bt 50

Обновена верзија на пикапот „BT-50“ претстави јапонската компанија „Mazda“. Моделот добил лесни козметички промени, исполнети во стилот на најновите модели на производителот.

Во предниот дел на новиот „Mazda BT-50“ се забележуваат челни светла со темна графика, како и благо изменета решетка на ладилникот, решена во најновиот дизајн на марката. Слики на задниот дел недостасуваат, но од информациите станува јасно дека единствената промена влијае на делот позади каде има потемна нијанса.

Внатрешноста исто така не е откриена, но од компанијата велат дека таа е изработена со квалитетни материјали, нуди повисок комфор и дополнителни работи, меѓу кои камера за возење наназад.

Во однос на моторите се очекува да видиме 2,2-литарски дизел агрегат со четири цилиндри (160 КС и 385 Nm), како и поголем 3,2-литарски мотор со 200 КС и 470 Нм, кој веќе дебитираше кај обновениот „Ford Ranger“. „Mazda BT-50“ ја користи токму неговата база.

Производството на обновениот „Mazda BT-50“ веќе започна во фабриката во Тајланд. Продажбата на овој модел ќе започне во следните месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП