Одделението на „Jaguar“ – „SVO“ (Special Vehicle Operations) минатата година го претстави својот проект „Jaguar F Type Project 7“, a пред неколку дена од магазинот „EVO“ имаа можност да уживаат во овој автомобил.
Како основа за „Project 7“ е земен „Jaguar F Type R“ кабриолет, кој е стилизирана по углед на славниот „D Type“. Автомобилот бил наречен во чест на седумте победи на „Jaguar“ на Ле Ман, а што го донесува овој коктел на стара традиција и новиот правец на „Jaguar“.
Главните карактеристики на моделот „Project 7“ е дека е лесен, брз, агилен, остар. Во однос на „F Type R“ кабриолетот е полесен за 45 килограми, погонската единица е истиот петлитарски „V8“ со компресор, кој за оваа прилика има 25 коњски сили повеќе, а и суспензијата е променета.
Предните пруги се за 80% проценти поцрврсти, нови „ракавици“ на предните тркала радикално го менуваат нивниот агол. Амортизерите исто така беа променети и сега се модифициранаи помеѓу „normal and dynamic“.
Дополнително е зголемениот механички грип донесува за нови пневматици чија смеса е полеплива, а тоа е и аеродинамичкиот потисок кој го обезбедува сплитерот на предниот крај и фиксниот спојлер на задниот дел од автомобилот.
Перформансите се импресивни од 0 до 100 km/h се реализира за 3.9 секунди, максималната брзина е 300 km/h.
Уживајте во звукот на моторот, гумите и одличните кадри кои ја ловат убавината на новиот „Jaguar“.