6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНискокалоричен напиток кој ќе ве подмлади

Нискокалоричен напиток кој ќе ве подмлади

198360906654439cc0bf238209024598_orig

Направете здрав напиток од три состојки кој вашата кожа ќе ја затегне и ќе ја направи еластична.

За овој здрав напиток, кој делува како еликсир на младоста, потребни ви се краставици, целер и органски зелен чај.

Смирувачкото и благотворно делување на краставицата е добро познато, благодарение на кафеинската киселина и витаминот Ц, додека силициумската киселина, како уште една компонента на краставицата, е многу важна за одржување на здравјето на сврзувачкото ткиво на мускулите. Таа го подобрува тенот и го одржува здравјето на кожата, а здружена со водата, природно ја хидрира и и дава на кожата здрав сјај.

Б комплексот од целерот ја поттикнува размената на јаглехидрати во телото и ја одржува кожата здрава, додека неговата главна состојќа кумарин го спречува штетното делување на слободните радикали и кожата ја одржува блескава.

Третата состојка е неизбежниот зелен чај со голем процент на антиоксиданси, вклучувајќи ги витамините Е и Ц, кој го забавува процесот на стареење на кожата.

Потребните состојки за овој напиток:

– 2 излупени свежи краставици

– 4 стебленца целер

– 2 шољички органски зелен чај

Подготовка:

Во блендер ставете ги сите состојки и добро промешајте, по потреба додадете малку вода ако смесата е премногу густа. Напитокот консумирајте го веднаш по подготовката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП