15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFedEx нарача авиони Boeing 767 за 5 милијарди долари

FedEx нарача авиони Boeing 767 за 5 милијарди долари

fediavioni

Американската компанија „FedEx Corp.“, во моментов единствениот трговски клиент на товарните авиони 767 на „Boeing Co.“, е во преговори за купување на барем уште 25 примероци од овие летала, соопштува „Bloomberg“, повикувајќи се на свои извори.

Директорите на компанијата се сретнале во Сиетл за време на викендот за да разговараат за договорот, тврдат извори кои посакале да останат анонимни. Каталошката цена на авионите ќе биде околу 5 милијарди евра, пред да бидат договорени клиентските попусти.

Тоа ќе биде вредна продажба за „Boeing“ во позадина на конкурентниот пазар на воздухопловите машини како целина и посебно на карго авионите. Во моментов, компанијата развива и верзија на моделот „767“ за воздушно надополнување по нарачка на Министерството за одбрана на САД.

„Постојано работиме за да ги координираме плановите за авионските купувања со бизнис потребите“, изјави портпаролот на „FedEx“ Џим МакКласки.

„Засега немаме што да објавиме“, портпаролот на „Boeing“ одби да коментира на оваа тема.

Во 80-тите години на минатиот век, авионите „Boeing 767“ се пионери во долгите летови за авиони со два мотори. Во изминатата деценија тие сепак беа засенети од „Boeing 787 Dreamliner“ и од „A330“ на „Airbus“.

„FedEx“ во моментов има 35 нарачки за моделот „767-300“ и, додавајќи уште 25 кон договорот, ќе ги надмине сите останати компании, за да стане најголемиот корисник на овој модел воопшто. Според информациите објавени на сајтот на „Boeing“, цената на авионот е 199,3 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП