КУЛТУРА

Ќе се конзервира Саат кулата во Неготино

saat-kula-negotino

Во тек е реализацијата на проектот за конзервација на Саат кулата во Неготино, со финансиска поддршка на Министерството за култура.

Согласно предвидениот план и динамика, стручните служби на Националниот конзерваторски центар и Музејот од Неготино, ги спроведуваат геомеханичките испитувања на теренот на кој се наоѓа овој значаен споменик на културата од османлискиот период.

По извршените испитувања, во рамките на активностите за конзервација и реконструкција на кулата, ќе спроведат и археолошки истражувања во нејзината внатрешност.

Саат култата во Неготино, која е висока 15 метри, е подигната во почетокот на XIX век од Хаџи Таир-ага Синан, близу неговиот чифлик. Тој го изградил и безистенот во Неготино,. кој изгорел во пожарот од 1913 година.

Со конзервацијата на овој значаен споменик на културата, градот Неготино ќе добие уште едно туристичко обележје, со зачувана карактеристична архитектура.