5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИталијанската полиција му верува на SEAT Leon

Италијанската полиција му верува на SEAT Leon

leon it police

SEAT го доби договорот за снабдување на возниот парк на италијанските полициски сили со нови автомобили SEAT Leon.

Првите 206 возила веќе се предадени во Верона, 106 возила ќе им бидат на располагање на карабинерите, а 100 возила на државната полиција Polizia di Stato. Генерално, договорот вклучува испорака на 4.000 возила во текот на следните три години.

Во првата година ќе бидат испорачани вкупно 925 автомобили, 475 за “пантери” за Polizia di Stato и 450 “газели” за карабинерите.

leon it police1

Новите италијански полициски автомобили се SEAT Leon со пет врати и со 2.0 TDI мотор со моќност од 110 kW / 150 КС.

Возилата за спроведување на законот, треба да поседуваат голема моќност со висок вртежен момент како што е примерот со новите SEAT Leon кои напред и позади ќе бидат блиндирани против оган од малокалибарско оружје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП