
Легендарниот актер Омар Шариф, почина вчера, на 83 –годишна возраст од срцев удар, во болница во Каиро, јавија светските медиуми.


Легендарниот актер Омар Шариф, почина вчера, на 83 –годишна возраст од срцев удар, во болница во Каиро, јавија светските медиуми.
Шариф е познат по улогите во филмовите „Лоренс од Арабија“, „Доктор Живаго“ и други.
Роден е во Египет, а во долгогодишната кариера освои два Златни Глобуса и беше номиниран за Оскар за улогата во филмот „Лоренс од Арабија“.
Златните глобуси ги доби за улогите во „Лоренс од Арабија“ и „Доктор Живаго“.
На почетокот од годинава неговиот агент Стив Кенис соопшти дека Шариф боедува од Алцхајмерова болест, а во петокот претрпел срцев удар во една болница во Каиро.