21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАлката што недостасува: посакуваниот Mazda RX-7

Алката што недостасува: посакуваниот Mazda RX-7

 

renderi spek

Како што се наближува 2017-та и 50-годишнината од лансирањето на спортската „Mazdа Cosmo“ со ротирачки мотор, љубителите на овој вид погонски систем и јапонската автомобилска марка, посакуваат продолжување на традицијата.

Меѓу нив има и такви кои својата љубов кон автомобилите ја здружија со „фотошоп“ вештини.

Така настана и оваа неофицијална дизајнерска студија која прикажува како би можела да изгледа новата „Mazda RX-7“, доколку јапонскиот производител се одлучи повторно да ја произведува.

Компјутерскиот цртеж го објави „Worldcarfans“ инспириран од актуелниот „Kodo“ дизајн на компанијата. Предната маска и фаровите потсетуваат на најновата генерација на модели на „Mazdа“, додека нагласените лакови недвосмислено укажуваат на моќта која се крие под хаубата.

Иако официјални лица од јапонскиот производител претходно негираа дека подготвуваат нов спортски модел со ротирачки мотор, но надежта дека еден таков автомобил би може да се појави до 2020-та, кога „Mazda“ слави 100-годишнина, и натаму е сон на многубројните фанови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП