17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамалена продажбата на непрехрамбени производи на Marks & Spencer

Намалена продажбата на непрехрамбени производи на Marks & Spencer

PANews BT_P-1603a75c-946b-4507-a17d-e863726888d9_I1

Британската модна компанија „Marks & Spencer – M&S“ забележала пад на продажбата на непрехрамбени производи, вклучувајќи го секторот за облека и обувки, за 0,4 проценти во првиот квартал од 2014-2015 година, заклучно со јуни оваа година во однос на истиот период минатата година.

Во претходниот фискален квартал во истиот сегмент е забележана органска стапка на раст од 0,7 проценти, што е рекорд во последните четири години, пренесува АФП.

Продажбата на храна е зголемена до крајот на јуни за 0,3 проценти.

Продажбата преку интернет страницата на „M&S“ пораснала на годишно ниво за 38,7 проценти, по значителниот пад на почетокот на минатата година, непосредно пред лансирањето на сајтот, напоменува BBC.

Вкупната продажба на групацијата во тримесечниот период до 27 јуни пораснала за 1,8 проценти, ако се исклучи данокот на додадена вредност и влијанието на валутните курсеви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП