17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi ќе го проширува семејството Allroad

Audi ќе го проширува семејството Allroad

all road audi

Според информациите побарувачката на светските пазари на автомобили во караван верзија и авантуристички дизајн се зголемува со секоја измината година, а во „Audi“ планираат да посветат внимание токму во овој тренд.

Во моментов со „Allroad“ верзии се моделите „А4“ и „А6“, но наскоро кон нив ќе се приклучат и други. Најверојатно се подготвуваат „A3 Allroad“, „A5 Sportback Allroad“, „A7 Sportback Allroad“. Исто така е можно германската марка да предложи „Allroad“ опција за некои од седаните, како и за моделот „TT“, чија таква верзија веќе беше прикажана како концепт под името „TTQ“.

Одлуката за проширувањето на палетата од „Allroad“ модели изгледа сосема логично. Во Женева шведски „Volvo“ покажа седан со зголемена проодност, а само пред месец се појави информација дека „Mercedes-Benz“ подготвува слични верзии на своите „C“ и „E-Class“. Пред неколку години во сегментот се вклучи и брендот „Opel“ со моделот „Insignia Country Tourer“. Други вообичаени претставници се моделите на „Subaru“ и „Volvo“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП