6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda постави рекорд по економичност

Honda постави рекорд по економичност

rek honda 333

Нов Гинисов рекорд постави јапонската компанија „Honda“. Постигнувањето е за најниска просечна потрошувачка на гориво со дизел сериски автомобил.

Рекордот е поставен со моделот „Civic Tourer“, опремен со новиот „i-DTEC“ мотор со зафатнина од 1,6 литри. Автомобилот измина 13.498 километри низ патиштата во Европа, постигнувајќи потрошувачка од само 2,82 л/100 км, или за 25% помалку од фабричките податоци.

Патувањето започна на 1-ви јуни од Аалст, Белгија. Трасата вклучуваше вкупно 24 европски држави и траеше 25 дена. Во кабината на автомобилот биле двајца вработени на компанијата, кои се менувајте зад воланот на секој 7,5 часа.

Предметната верзија на „Honda Civic Tourer“ располага со моќност од 120 КС и 300 Нм вртежен момент. Официјалната потрошувачка на гориво на моделот е 3,8 литри на 100 километри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП