25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСтартуваше производството на Civic Type R

Стартуваше производството на Civic Type R

start honda r type

Од производната лента во фабриката на „Hondа“ во Велика Британија слегоа првите три примероци од моделот „Civic Type R“, со што јапонската компанија симболично го стартуваше производството на новата генерација на својот спортски хечбек.

Првите три автомобили се обоени во црвена, сина и бела боја, а опремени се со специјални 19-инчни алуминиумски фелни.

Продукциската верзија на новата „Hondа Civic Type R“ имаше премиера на саемот за автомобили во Женева, на почетокот на март.

Љубителите на спортскиот автомобил го очекуваа овој модел уште од 2011-та кога претходната генерација беше повлечена од европскиот пазар, а причината беше моторот кој не ги задоволуваше еколошките стандарди.

Новиот „Type R“ користи четирицилиндарски 2.0-литарски турбо-бензинец со 310 ks (228 kW), достапни при 6500 o/min. Моторот развива 400 Nm максимален вртежен момент при 2500 o/min, а е поврзан со шестбрзински мануелен менувач.

Автомобилот забрзува од 0 дo 100 km/h зa 5,7 секунди, пред да ги достигне максималните 270 km/h.

„Honda Civic Type R“ во март стана најбрзиот сериски модел со преден погон на патеката „Nürburgring Nordschleife“ минувајќи еден круг од должина од 20.8 km зa 7 минути и 50,63 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП