6 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 06.07.2015

Дневен хороскоп 06.07.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе имате несогласувања самите со себе, обидете се да се опуштите со добра музика и кафе со пријателите. Кавгите кои ги слушате во вашата средина ќе ви ја уништат хармонијата. Во попладневните часови ќе ве повика некоја Вага која ќе сака да ви открие некоја долго чувана тајна.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Бурен ден полн со обврски и задачи, вие успешно ќе се снајдете и максимално ќе се посветите на нивното извршување. Во втората половина од денот, насмевката нема да се тргне од вашето лице. Уживајте во среќата со партнерот.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Сакате да направите некој смел чекор, но ве запира стравот од обврските. Не се плашете некогаш ќе мора да поминете и преку нив. Убаво ќе се снајдете па затоа на крајот од денот ќе бидете преплавени од среќа и честитки. Голем ден за вашиот личен и професионален живот.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе бидете тажни и осамени, но не се затворајте во себе, побарајте го партнерот и излезете на прошетка со него. Оние кои не се во врска, ќе имаат пријатен и возбудлив ден во кој најверојатно ќе доживеат прекрасна авантура.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Се наоѓате во проблематичен период во кој почнавте и самите себе да се лажете за проблемите кои ги имате. Некоја личност вешто ве открила па ќе се обиде да ве освести и да ви помогне. Побарајте стручна помош за проблемите кои не можете сами да ги надминете.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Позитивните вести кои ќе ги слушнете од вашето семејство ќе бидат ваш повод за неизмерна среќа. Цел ден ќе се веселите, па можно е дури и да се расплачете од среќа. Деловните задачи можат да почекаат, уживајте во убавините на денот.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Изминатите настани можеби ве направија емоционално нестабилни, но обидете се да не мислите на тоа и повторно ќе се вратите во нормала. Социјализирајте се повеќе и отстранете ги непотребните мисли во врска со некоја личност со која неодамна сте прекинале.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Запаметете дека себичноста не е добра особина, па затоа потрудете се да бидете по великодушни кога станува збор за пријателството, љубовта и секојдневните работи. Денеска направете нешто ново што ќе ви прерасне во понатамошна традиција.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Монотонијата ќе навлезе во вашето секојдневие, па затоа ќе се чувствувате депресивно во текот на целиот ден. Направете нешто ново, отидете на кафе со пријателите, подновете го својот гардеробер, шетајте во природа.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес е одличен ден да се ескпонирате на вашето работно место, и поради тоа ќе имате пофалби од страна на вашите претпоставени. Уживајте во успехот, но сепак, не бидете со главата во облаци. Крајно време е да попуштите во караницата со партнерот.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Овој ден ќе ви биде од голема важност. Потрудете се да ја искористите креативноста на позитивен начин и да ја вложите во некој проект. Кон крајот на денот очекувајте изненадување од блиска личност. Ќе бидете дел од некој бизнис настан, па може да запознаете некоја нова личност која ќе ги подобри работите во вашиот живот.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Доколку не сте во врска, денес ќе биде поволен ден за подобрување на вашиот љубовен живот. Прифатете ја понудата за кафе од онаа личност која веќе неколку пати ве кани, и ќе се изненадите од интересниот помин.Денес, амбицијата е она што ќе ви го одбележи денот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП