26 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 04.07.2015

Дневен хороскоп 04.07.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Работите ви се одвиваат во добра насока. Преку целиот ден ќе ве прати одлично расположение во добро друштво. Полни со енергија и воља да превземете нешто, работите ќе ги извршувате со голем ентузијазам. Во поамбициозните работи поврзани со пари ќе имате успех.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денеска ќе имате речиси идеални услови за започнување на нов проект. Ќе го прифатите со особено задоволство, а имате и повеќе од доволно енергија да ги направите првите чекори кон негово реализирање. Сето тоа ќе придонесе за ваша афирмација во средината во која работите.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Добрите вести кои ќе ги слушнете од вашите пријатели во текот на денот, пријатно ќе ве изненадат, со што лесно ќе ги надминете сегашните проблеми. Изгледа вашиот партнер ќе доживее успех и со тоа многу ќе допринесе за заедничката благајна.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Вашата денешна неодлучност ќе ви претставува пречка за извршување на работните задачи. Многу тешко ќе успеете да ја одржите својата рамнотежа како на работното место така и во љубовта. Преголемите обврски ќе ви наметнат доста проблеми и непријатно расположение.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Можеби ќе доживеете некои незгодни и непријатни изненадувања. Воглавно се може да се одвива со успех, но немојте премногу да се двоумите, затоа што под дејство на тие ваши колебања се оневозможува реализацијата на многу ваши потенцијали.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ќе бидете доста активни во работата, па кон крајот на денот ќе почувствувате голема истоштеност. Особено заморно ќе се чуствувате на работните состаноци или при поголеми собири. Односите со претпоставените се проблематични. Внимавајте како се однесувате.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Вашите чуства денеска пресудно ќе делуваат на работните односи или пак во врската со партнерот. Ќе бидете поканети на некој начин да настапите пред јавност. Дали ќе прифатите ќе зависи од вашето расположение. Многу ќе ви биде зголемен интересот во врска со прашањата за семејството, особено родителите или пак децата.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе морате денеска сериозно да се посветите на вашата работа, бидејќи важните проблеми не ќе можете да ги решите сами. Ќе морате да бидете поеластични со деловните партнери и соработниците. Во љубовта ве очекува напорен ден, бидејќи вие и вашиот партнер не сте доволно искрени.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ќе знаете да го цените тоа што го имате и ќе можете да го извлечите најдоброто од моменталните односи. Претставниците кои се во сериозни врски ќе имаат причина за задоволство. Некои од вас особено оние слободните ќе гледаат со недоверба во средбата со една интересна личност од спротивниот пол.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Во се барате некој вид на статусен симбол, бидејќи премногу ви е важно она со што се занимавате да има адекватно признание. Добро би било да можете малку да се препуштите на животните радости и да се одморите. Сериозната врска која ја имате ќе започне да се распаѓа, ќе сфатите дека се било од интерес.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Избегнувајте поинтензивен друштвен живот. Совладајте го стравот од самотија. Ако можете да се посветите на работата или пак некое хоби кое ве исполнува и да се ограничите само со неколку најдобри пријатели, тоа во моментот ќе биде најдобро за вас.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Многу ќе се грижите за сигурноста на вашето работно место и задржувањето на постоечките позиции. Ви треба помошта од другите за да можете да ги реализирате вашите планови. На слободните претставници им се нудат краткотрајни авантури.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП