
Првиот трејлер од филмот посветен на Стив Џобс го претстави во четвртокот режисерот Дени Бојл.


Првиот трејлер од филмот посветен на Стив Џобс го претстави во четвртокот режисерот Дени Бојл.
„Пред нас е претставен човекот кој е способен да се спротистави на толпата и на закоравеното јавно мнение. Правејќи го тоа, тој се создава за сите нас еден нов свет“, коментираше KPCC по повод претставувањето на трејлерот.
Во американските медиуми се коментира дека во филмот е направен обид да се покаже големината на личноста на еден од основачите и челниците на технолошкиот гигант Apple. Во трејлерот е содржана сцената кога Стив Џобс му се обраќа на својот подреден ‘Имате три седмици да ја завршите работата. Не заборавајте дека светот е создаден за третина од тоа време“.
Улогата на Стив Џобс ја толкува ирскиот актер од германско потекло, Мајкл Фасбендер.
Филмот, чиешто сценарио го напиша Арон Соркин, е базиран на познатата книга на Волтер Ајсексон „Стив Џобс“(Steve Jobs: A Biography, од 2011-та). Таа е една од најдеталните од постојните биографии на Џобс.
Холивудските портали, повикувајќи се на запознаени со работата на филмот, пишуваат дека делото е поделено на три дела, од кои секој раскажува за тоа како се создава еден од веќе легендарните производи на компанијата Apple.