23 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSiemens отвора фабрика за производство на водород од енергијата добиена од ветер

Siemens отвора фабрика за производство на водород од енергијата добиена од ветер

Siemens

„Siemens“ денеска стартуваше енергетски проект за претворање на енергијата добиена од ветер во водород, кој потоа ќе се користи како погонско гориво во автомобилите или во индустријата.

Фабриката на „Siemens“ за електролиза во Мајнц се темели на технологијата „мембрани за размена на протони“ (PEM) која овозможува производство на водород со помош на електрична енергија.

За разлика од електричната енергија, водородот може лесно да се складира и користи во периоди кога постои најголема потреба за енергија.

Фабриката може да процесуира до 6 MW струја и е најголема од овој вид во светот, а може да обезбеди 2.000 автомобили кои користат вакво гориво.

„PEM“ технологијата, која во милисекунда е во состојба да одговори на флуктации во производство на енергија, успешно ја тестираше партнерот на „Siemens“, „RWE“.

Складирањето на енергија е важно за германскиот енергетски систем кој е се повеќе ранлив поради „дупката“ во производството, а причината е затворањето на нуклеарните реактори и се поголемиот удел на „зелената енергија“ – сончевата и енергијата добиена од ветерници, кои неможат да осигураат стабилност на мрежата.

Произведениот водород ќе може да се користи во индустријата, за погон на автомобилите, како и за снабдување на мрежата на гасовод.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП