26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕве како ќе изгледа Ferrari F12berlinetta GTO

Еве како ќе изгледа Ferrari F12berlinetta GTO

gto00

Изданието „Auto Gespot“ објави фотографии од спортската модификација на „Ferrari F12berlinetta“, која ќе го добие додаток „GTO“ кон името. Сликите се од конфигуратор на моделот, кои беа испратен на клиентите на марката.

Според прелиминарните податоци, новата верзија на моделот ќе биде опремена со досегашниот 6,3-литарски V12 мотор, чија моќ ќе биде форсирана од 740 до 800 КС. Освен тоа модификацијата „GTO“ ќе располага со системот за обновување на кинетичката енергија од моделот „LaFerrari“.

Се очекува и тежината на возилото да биде намалена за околу 100 килограми и да достигне 1430 килограми. Ова ќе ги подобри динамички карактеристики на суперавтомобилот. Стандардната „F12berlinetta“ забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,1 секунди, а максималната брзина изнесува 340 км/ч.

Премиерата „Ferrari F12berlinetta GTO“ е планирана за претстојниот автосаем во Франкфурт. Според информациите, новата верзија ќе биде произведена во ограничена серија од 650 примероци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП