18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKia го обнови моделот Сee'd (фото)

Kia го обнови моделот Сee’d (фото)

ceed nov

Први фотографии на модернизираниот семеен модел од „Сee’d“ објави корејската компанија „Kia“. Премиерата на хечбекот и караван верзијата ќе се случи во Франкфурт во септември.

ceed nov1

Што се однесува до визуелните промени, тие се прилично минимални. Надворешноста доби нови предни и задни браници, како и дополнителни хромирани елементи. Исто така нови се тркалата со големина од 16 и 17 инчи, кои сега имаат различен дизајн.

ceed nov7

Промените во внатрешноста се слични, а се гледаат дополнителни хромирани елементи, како и специјална материја на централната конзола која има заштита од гребење. Подобрувања има во звучната изолација на каросеријата.

ceed nov8

Во палетата на мотори на обновениот „Kia Сee’d“ ќе пристигне новиот 1,0-литарски мотор со три цилиндри, кој веќе дебитираше кај верзиите „GT Line“. Агрегатот 1.0 „ecoTurbo“ е достапен во верзии со 100 или 120 КС, а и во двата случаи максималниот вртежен момент е 172 Nm. Бензинската палета ќе ги вклучува и поголемите 1,6-литарски „GDI“ со 128 КС и 1,4-литарски „MPI“ со 100 КС.

ceed nov4

Основниот дизел агрегат ќе биде познатиот 1,6-литарски „CRDi“, развива 110 КС. Тој ќе се нуди и во верзија со 136 КС и 285 Нм, кој го заменува актуелната со 128 КС и 265 Нм.

ceed nov3

Новина е и автоматската трансмисија со 7 степени и две спојки. Моделот ќе може да се опреми уште со мануелен менувач со 6 брзини и со автоматски менувач со две спојки и 6 степени.

ceed nov5

Премиум моделот „Сee’d GT“ исто така ќе добие редизајниран изглед, како и модернизиран мотор. Агрегатот со зафатнина од 1,6 литри ќе добие ново турбо, што ќе овозможи да се редуцира времето за забрзување од 0 до 100 км/час за 0,1 секунди. Моторот е со моќност од 204 КС и максимален вртежен момент од 265 Нм.

ceed nov6

Обновениот „Kia Сee’d“ ќе биде достапен на пазарите во Европа уште во следниот месец. Моделот ќе биде дел од штандот на овој производител во Франкфурт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП