5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовото MINI со шест врати (фото)

Новото MINI со шест врати (фото)

Mini-Clubman-11

На интернет се појавија првите фотографии од втората генерација на „MINI Clubman“. Возилото треба да биде претставен официјално подоцна во овој месец, а пред публика ќе се појави во Франкфурт наесен.

Mini-Clubman-16

Новиот „MINI Clubman“ изгледа речиси аналогно со концептот, која брендот го покажа пред околу една година. Информации за димензиите на автомобилот недостасуваат, но најверојатно димензиите на сериската верзија се слични со оние на концептот – 4223 мм должина, 1844 ширина и 1450 мм висина.

Mini-Clubman-3

Спореден со првата генерација новиот модел е за цели 260 мм подолг, со 161 мм поширок и со 24 мм повисок. А тоа го претвора во најголемиот автомобил во историјата на „MINI“.

Mini-Clubman-15

Што се однесува до дизајнот, тој се обложува на непопуларната конфигурација со шест врати. Моделот има по две патнички врати од секоја страна, како и две дополнителни за багажниот простор.

Mini-Clubman-4

„MINI Clubman“ е изграден на новата платформа за автомобили со преден погон на „BMW Group“, што значи дека ќе ги користи агрегатите на останатите нови модели на „MINI“. Најмоќниот од нив е 2,0-литарски со 231 КС, а моментално се користи во верзијата „John Cooper Works“.

Mini-Clubman-14

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП