Кога сте тажни и немате апетит, преминете на цреши, малини, домати, кечап, пиперки…
Храната со црвена боја ги прави луѓето посреќни и го поттикнува апетитот, покажува заклучокот од истражувањето на компанијата „Green and Black Chocolate“.
Гурманите знаат дека уживањето во храната нема врска само со вкусот, туку и со презентацијата. Изгледот е прво нешто што го забележуваме, пред мирисот и вкусот, па затоа и визуелниот впечаток е многу важен.
Очите испраќаат сигнал до мозокот за вкусот на храната, а токму бојата ни укажува за нејзиниот квалитет и свежина, поради што немаме подеднаква желба да ги пробаме сите јадења. Прихологот д-р. Кристи Фергусон истакнува дека црвената боја е моќна боја која го поттикнува апетитот.
Поврзана е со чувството за интимност, страст, енергија и сексуалност. Зелената, од друга страна, е симбол на природата. Има смирувачки ефекти на телото и асоцира на здравје. Портокаловата не стимулира ментално. Како топла боја, и таа исто така го поттикнува апетитот, вели д-р. Фергусон.