23 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSoftbank планира да инвестира 20 милијарди долари во Индија

Softbank планира да инвестира 20 милијарди долари во Индија

softbank indija

Јапонската компанија „Softbank Corp“ заедно со „Bharti Enterprises“ и тајванската „Foxconn“ ќе инвестира околу 20 милијарди долари во соларни проекти во Индија, а тоа ќе биде еден од најголемите финансирани проекти во секторот на обновливи извори на енергија во земјата, соопштува „Ројтерс“.

„Softbank“ која пред извесно време соопшти дека со тек на време ќе инвестира 10 милијарди долари во Индија, во понеделникот соопштија дека компаниите се договориле за производството на минимум 20 гигавати енергија.

„Softbank“ ќе го држи контролниот пакет во новоформираната компанија, „SBG Cleantech“, а „Bharti“ и „Foxconn“ ќе бидат со помали инвестиции.

„Трошоците за создавање на соларен парк се половина во споредба со Јапонија. Имаме двојно повеќе сонце и двојно помалку трошоци, што значи четири пати поголема ефикасност“, изјави главниот извршен директор на „Softbank“, Масаиоши Сон.

Тој додаде дека временската рамка за инвестициите ќе зависи од државните и локалните влади и од стекнувањето на потребната земја.

Брзорастечката цена на сончевата енергија, која се очекува да достигне паритет со конвенционалната енергија до 2017-та година, предизвика интересот кон потенцијалот на Индија, додека во исто време земјата се обидува повеќе да ги промовира инвестициите во обновлива енергија.

Премиерот на Индија, Нарендра Моди се надева на наплив од 160 милијарди долари во обновлива енергија во следните 5 години. Премиерот се обидува да ја направи Индија во една од најголемите пазари за обновлива енергија, па тој посакува 100.000 МВч продукција во 2022-ра година при сегашните 3000 МВч.

Според аналитичарите, сепак таа цел ќе биде тешко постигната поради слабите финансиски резултати на електродистрибуција на компаниите кои ќе ја купуваат соларната енергија, и бавното темпо со кое се наоѓа слободна земја за централите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП