15 мај, 2024
ПочетнаНЕДЕЛЕН ХОРОСКОПНеделен хороскоп - 22.06.2015 до 28.06.2015

Неделен хороскоп – 22.06.2015 до 28.06.2015

nedelen-nedelen-horoskop-zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

 

ЉУБОВ: Со партнерот ќе имате несогласувања, кои ќе имаат посериозен развој од вообичаено. Ќе биде потребно да имате големо трпение, во спротивно е можно прекинување на врската.

РАБОТА: На работното место ќе имате проблеми и кавги во кои и вие ќе бидете учесник. Потребно е јасно да го кажете вашето мислење, без да навредите некого. Не заземајте страна во завојуваните групи.

ЗДРАВЈЕ: Добро, внесувајте повеќе витамини и минерали.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

 

ЉУБОВ: Во љубовта ќе постојат ситни проблеми и кавги на кои веќе сте навикнати па нема да им обрнете поголемо внимание. Разберете го партнерот и не го осудувајте постојано.

РАБОТА: Работата и работните обврски ќе бидат со нормален тек. Некако сте заморени па едвај го чекате периодот за одмор. Решавајте ги обврските навремено.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

 

ЉУБОВ: Потребно е на партнерот да му посветите повеќе внимание, а оние кои не се во врска можно е да најдат нова љубов. Поволниот љубовен период ќе ве натера на некои посмели чекори.

РАБОТА: Работните обврски и случувања ќе течат нормално, а вие ќе успеете да направите баланс помеѓу приватниот и деловниот живот. Ве очекуваат подобрувања, имајте трпение.

ЗДРАВЈЕ: Консумирајте поразновидна храна.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

 

ЉУБОВ: Проблематичен период во кој ќе владеат различните мислења. Нема потреба постојано да се лутите и јавно да му го покажувате тоа на партнерот. Променете го малку размислувањето.

РАБОТА: Овој период ќе му го посветите на одморот а работните обврски ќе ги одложите колку што можете повеќе. Одморете се и соберете сила за деловните настани во иднина.

ЗДРАВЈЕ: Одлично

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

 

ЉУБОВ: Ќе доживеете промени кои нема да ви се допаднат. Потребно е сами да одлучите на кој начин ќе ја продолжите љубовната врска.

РАБОТА: Ќе се обидувате на секој можен начин работните задачи да му ги префрлите на некој друг или да ги сокриете под тепих. Нема да имате мотивација за работа бидејќи проблемите во приватниот живот ќе ве надвладеат.

ЗДРАВЈЕ: Обидете се да се смирите, посоветувајте се со стручно лице.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

 

ЉУБОВ: Нема да можете да им поверувате на муабетите кои ќе ги слушнете во вашата околина, а потребно ќе биде да отворите четири очи. Некој се обидува да ве намести за нешто.

РАБОТА: Неповолен период во кој не е пожелно да се истакнувате. Извршувајте ги работните задачи и молчете. На работното место можно е да се појават финансиски проблеми кои ќе ги почувствувате и вие.

ЗДРАВЈЕ: Можна е настинка.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

 

ЉУБОВ: Поволен период во кој оние кои имаат долги врски ќе направат чекор понатаму. Оние кои се сами ќе запознаат интересна личност од спротивниот пол.

РАБОТА: Ќе имате зголемен број на обврски, па затоа потребно е да разговарате и за дополнителни приходи. Обратете му се на шефот и побарајте покачување.

ЗДРАВЈЕ: Добро.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

 

ЉУБОВ: Ќе започнете премногу да му забележувате на партнерот. Ќе го коментирате секој негов потег, а тоа само ќе ја влоши ситуацијата. Бидете поскромни во барањата.

РАБОТА: Редно време е претставниците на овој знак кои сеуште немаат работа сериозно да се ангажираат во потрагата по ново работно место. Оние кои веќе работат ќе навлезат во малку неповолен период во кој можно е да им бидат скратени некои бенефиции.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со инфекции.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

 

ЉУБОВ: Ќе се двоумите дали да направите чекор понатаму, дали да ја зацврстите врската или сеуште да му правите тестови на партнерот. Донесете одлука и дејствувајте.

РАБОТА: Ќе имате финансиски проблеми, па на работното место ќе побарате повеќе задачи со цел да добиете и поголема плата. Намалете некои непотребни трошоци.

ЗДРАВЈЕ: Добро, можни се проблеми како резултат на нервозата.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

 

ЉУБОВ: Ќе сакате да направите некои промени во вашата околина. Ќе присуствувате на искрен разговор со семејството од кој ќе дознаете некои долго чувани тајни. Можно е да бидете повредени.

РАБОТА: Работните обврски ќе ги одложите поради приватните проблеми. Земете неколку слободни денови со цел да ја средите ситуацијата. Во втората половина од неделата ќе дојде до позитивни промени.

ЗДРАВЈЕ: Одлично

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

 

ЉУБОВ: Ситуацијата во љубовта ќе стагнира, нема да сакате да направите промена бидејќи во последно време односите со партнерот ви се заладени. Наместо да се затворате во себе, направете искрен разговор.

РАБОТА: Ќе имате можност за деловно патување, можеби тоа ќе ги поремети вашите планови но сепак ќе имате можност за контакт со лица од повисоките позиции.

ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со несоница.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

 

ЉУБОВ: Одличен период во кој заеднички со партнерот ќе ја планирате иднината и наредните чекори. Нека не ве обесхрабруваат неповолните финансиски приливи, бидејќи ќе дојде до нивно подобрување.

РАБОТА: Работете напорно со цел да ја оправдате довербата која сте ја добиле. Задачите ќе ве истоштат но признанието кое ќе го добиете на крај ќе го наполни вашето его.

ЗДРАВЈЕ: Одлично

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП