8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDior отвора бутик во Сеул, најголемиот во Азија

Dior отвора бутик во Сеул, најголемиот во Азија

Dior_Beijing_600

Француската модна куќа „Dior“ ќе отвори бутик во јужнокорејскиот главен град Сеул, на шест ката, кој воедно ќе биде и најголемиот продажен објект на оваа компанија во Азија.

Овој бутик, сместен во најбогатиот кварт на Сеул, Чеонгдам-Донг ќе биде отворен на 20-ти јуни, пишува францускиот весник Паризиен.

Стоковната куќа на „Dior“ во Сеул, која ја креираше францускиот архитект Кристијан де Портампар, ќе се простира на шест нивоa, а ќе содржи и еден VIP салон, галерија и кафуле.

За да го прослави отворањето на својот најголем азиски бутик, „Dior“ за корејските клиенти креираше специјална линија на ташни и модни додатоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП