5 јули, 2025
ПочетнаАВТОБИЗPorsche заврши со производството на својот најскап модел (фото+видео)

Porsche заврши со производството на својот најскап модел (фото+видео)

pro 918

По 21 месец од стартот на производството од производната лента слезе и последниот, 918-ти „Porsche 918 Spyder“ чија цена во Европа изнесува околу 780.000 eвра.

Наследникот на моделот „Porsche Carrera GT“, прв пат е претставен во јавноста како концепт во март 2010-та на саемот за автомобили во Женева.

Поради тоа што автомобилот наиде на позитивни реакции од страна на публиката и фановите на „Porsche“, германскиот производител продолжи да работи на продукциска верзија која беше готова во 2013-та година.

„Porsche 918 Spyder“ претставува актуелен технолошки „врв“ на компанијата.

pro 918 1

За погон е избран хибриден систем кој се состои од 4.6-литарски „V8“ мотор со 608 ks (447 kW) и 530 Nm, како и два електромотори.

Електромоторите произведуваат 156 ks (115 kW) и 129 ks (95 kW), oдносно вкупно 285 „коња“. Максималната комбинирана моќ на хибридниот погон изнесува 887 ks (652 kW).

pro 918 2

„Porsche 918 Spyder“ ја мина познатата патека Нирбургринг за неверојатни 6 минути и 57 секунди и постави сериозен предизвик пред конкуренцијата.

Меѓутоа, со оглед дека челниците на патеката најавија дека ќе постават забрана за соборување на рекорди од безбедносни причини, прашање е дали некој од ривалите ќе има можност да го надмине овој резултат.

pro 918 3

Иако од „Porsche“ уште на крајот на 2014-та соопштија дека ги распродале планираните 918 примероци, на фабриката и беше потребно уште половина година да ги комплетира и испорача сите нарачани возила.

Шефот на одделението за истражување и развој во „Porsche“, Волфганг Хац, рече дека компанијата треба да ја искористи популарноста на моделот „918 Spyder“ и во иднина да понуди негов наследник.

„Тоа нема да се случи веднаш, но сигурно нема ниту да чекаме 20 години за нов топ модел“, изјави Хац.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар