„Ferrero“ 80 проценти од палминото масло го набавувa од Mалезија, а остатокот од Индонезија и Бразил.
Француската министерка за економија Сеголене Ројал жестото ја критикуваше „Nutella“ повикувајќи ја јавноста во интервјуто за францускиот „Canal+“ да престане да јаде „Nutella“, бидејќи смета дека нејзиното производство ги уништува шумите во светот.
„Шумите масовно се уништуваат а сето тоа доведува до глобално затоплување и би требало да престанеме да јадеме „Nutella“, бидејќи таа се произведува со палмино масло“, вели министерката за најомилениот чоколаден намаз.
„Палмите се заменети со дрва и предизвикана е значителна штета на животната средина“, вели Ројал која смета дека „Nutella“ би требало да се произведува од други состојки, што многу брзо пристигна и до компанијата „Ferrero“, која ја произведува „Nutella“.
Тие реагираа на изјавата со соопштение во кое велат дека се свесни за состојбата на животната средина и дека палминото масло ќе се користи внимателно и одговорно.