17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВозилата на Porsche се најквалитетни, а на Fiat најлоши

Возилата на Porsche се најквалитетни, а на Fiat најлоши

koli nominacija

Сметате дека јапонските автомобили се најсигурни? Размислете повторно!

Новото истражување за сигурноста на автомобилите спроведено од страна на „JD Power and Associates“ покажува дека јапонските марки „Toyota“, „Honda“, „Nissan“, „Mitsubishi“ и „Subaru“ се претставуваат лошо од просечните стандарди.

„Причината не е дека јапонските модели стануваат полоши, туку дека не успеваат да се подобруваат со исто темпо како нивните конкуренти“, коментира Рене Стивенс, потпретседател на одделението за испитување на квалитетот на автомобилите во САД во „JD Power“.

„Ова е новиот тренд во однос на квалитетот и сигурноста кај автомобилите“, додава таа.

posche vraboteni2

Најсигурни веќе трета година по ред се автомобилите на „Porsche“ со регистрирани 80 проблеми при 100 автомобили во првите три месеци од нивното купување. На втората позиција со едвај 86 проблеми е рангирана „Kia“, следена од „Jaguar“ со 93 и „Hyundai“ со 95. „Infiniti“ и „BMW“ се на следните две места со 97 и 99 проблеми. „Toyota“ е едвај на 10-та позиција во рангирањето, место доста нетипично за најголемиот јапонски производител на автомобили.

На дното на листата по традиција се најде „Fiat“ со 161 проблеми на 100 автомобили во првите три месеци од купувањето на автомобили од овој бренд.

fiatl

„Smart“, „Chrysler“ и „Subaru“, се следните три марки со најмногу забележани проблеми, но се пред италијанскиот гигант

Најголем скок во однос на квалитетот регистрираа корејските брендови. Тие ги подобрија резултатите за 11% во однос на претходната година и се во врвот на топ листите на сигурност. За споредба средното подобрување кај автомобилските производители во однос на сигурноста е 3%.

„Корејските производители се фокусираат на подобрувања, а тие се движат од процесот на дизајнот до крајното производство и завршување на моделите“, коментира Стивенс.

hyundaiandkia2

Истражувањето покажува дека одлуката од пред неколку години на корејските производители „Hyundai“ и „Kia“ да го забават растот на глобално ниво, за да обезбедат висок квалитет на своите автомобили, се покажало правилно. Јужнокорејските производители пропуштија да имаат корист од растот на продажбата, така што го одложија воведувањето на нови производствени капацитети на глобално ниво, со цел подобрување на квалитетот на своите автомобили.

„Ако се погледне кон фабриките во Јужна Кореја, ќе видите дека јужнокорејските компании се многу фокусирани на квалитетот на автомобили“, вели Стивенс.

Во однос на европските и американските производители, тие регистрираа просек на зголемување на квалитетот од околу 3%.

problemi koli

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП