18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИQatar Airways е најдобрата авиокомпанија за 2015-та година

Qatar Airways е најдобрата авиокомпанија за 2015-та година

qatar_img333

„Qatar Airways“ беше прогласена за најдобра авиокомпанија во светот за 2015-та година од сајтот „Skytrax“.

Церемонијата за врачување на наградите на „Skytrax“ се одржа во вторникот за време на авио-саемот во Париз.

Според „CNN“ другите компании во топ 10 се: „Singapore Airlines“, „Turkish Airlines“, „ANA“, „Cathay Pacific“, „Emirates“, „Etihad“, „Qantas“, „Garuda Indonesia“ и „EVA Air“.

Извршниот директор на „Qatar Airways“, Акбар Ал Бакер соопшти дека луѓето кои ја заслужуваат наградата се вработените во компанијата.

Минатогодишниот број 1 во ова рангирање беше „Singapore Airlines“.

Компанијата „Qatar Airways“ е број 1 и во категоријата „Бизнис“ класа. Тие предводеа во ова рангирање и во 2011-та и 2012-та година.

„AirAsia“ ја доби наградата за најдобра нискобуџетна авиокомпанија веќе 7-ма година по ред.

Рангирањето е создадено врз основа на анкета меѓу 18,9 милиони патници во 110 држави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП