26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGAP во паника: Затвора 175 продавници

GAP во паника: Затвора 175 продавници

gapgapgap

Американскиот дистрибутер за облека „GAP“ најави дека поради падот на продажбата во неколку наредни години ќе затвори 175 прoдавници.

Тоа е една четвртина од 675 негови специјализирани продавници во Северна Америка, вклучувајќи 140 во оваа година.

Поради тоа илјадници вработени би можеле да останат без работните места, објави Њујорк Тајмс.

Компанијата не објави колку работници ќе бидат отпуштени поради затворањето на продавниците, но најави дека ќе укине 250 работни места во своето седиште.

На крајот на јануари „GAP“ имаше 141.000 вработени со полно или скратено работно време ширум светот во околу 3.700 продавници во сопственост на компaнијата или франшизи.

Низата модни промашувања во последните години резултираше со пад на продажабата на „GAP“ и завртување на клиентите кај конкурентите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП