3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНорвешки Statoil планира да укине до 1.500 работни места до крајот на...

Норвешки Statoil планира да укине до 1.500 работни места до крајот на 2016-та

statoil-oct

Норвешкиот нафтен гигант Statoil во вторникот објави дека ќе го намали бројот на вработени за седум отсто и ќе отпушти третина од консултантите до крајот на 2016-та година, покрај кратењата кои беа преземени на ова поле поради потешкотиите од ниските цени на нафтата и пониските профитни маржи.

Норвешкиот гигант во државна сопственост планира да укине меѓу 1.100 и 1.500 постојани работни места, покрај веќе укинатите 1.340 од крајот на 2013-та година, објави компанијата.

Во рамки на зацртаното намалување на трошоците за 1,7 милијарди долари годишно од 2016-та година компанијата планира и да го намали бројот на консултанти за околу една третина, односно 525.

„Досега ги решававме вишоците на работна сила преку доброволни мерки во намера во наредните 18 месеци да го прилагодиме бројот на вработени без присилни мерки“, се вели во соопштението на нафтената компанија.

Statoil спаѓа меѓу најголемите работодавачи во Норвешка, а во актуленото соопштение не изнесе дополнителни детали во врска со кастрењата. Компанијата кон крајот на 2014-та година имаше 22.516 постојано вработени и 1.411 консултанти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП