5 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛимон предизвик: 28 дена по една чаша и ќе доживеете неверојатни промени!...

Лимон предизвик: 28 дена по една чаша и ќе доживеете неверојатни промени! (видео)

limun-izazov-1434377607-61202

Тестирајте се дали можете да го издржите експериментот и ќе бидете воодушевени од резултатите…

Познатата американска заговорничка за здрав живот, Данет Меј, објави видео запис на порталот YouTube, со желба да предизвика колку што е можно повеќе луѓе да и се приклучат кон нејзиниот експеримент.

Станува збор за предизвик со лимон кој трае 28 дена, а донесува одлични резултати на неколку нивоа.

Всушност, лимонот е алкална намирница, а поради тоа својство има моќ да ги исчисти сите наталожени токсини од вашиот организам. Ако ја практикувате оваа навика секој ден, вашето тело практично секогаш ќе биде без отрови, бидејќи пиењето на овој напиток секое утро во континуитет го решава тој проблем.

Исто така, овој ритуал може да ви помогне и да ослабете, бидејќи водата со лимон го прочистува црниот дроб кој всушност е задолжен за разбивање на масните клетки.

danet-mej-1434374901-61198

Така вашиот метаболизам ќе стане побрз, течноста нема да се натрупува, а вие конечно ќе ја добиете линијата која што ја посакувате и кон која што тежнеете.

Поради сето ова, генерално ќе станете поздрави, ќе имате повеќе енергија и одлично ќе се чувствувате во текот на целиот ден!

Се што треба да направите е во половина чаша вода да исцедите половина лимон и да го испиете овој напиток веднаш откако ќе станете. Значи пред било каква храна или друга течност и пред било која активност која инаку ја практикувате кога ќе се разбудите.

Данет советува, доколку сте во можност, да користите органски лимон, бидејќи тој ќе ви донесе и подобри резултати, а ако не можете, ќе ви послужи и обичниот.

Исто така, водата во која што ќе го исцедите лимонот не смее да биде ладна. Данет ја консумира топла, но препорачува водата да има достигнато барем собна температура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП